Бујар Османи во името на ДУИ вели дека се разочарани од тоа што се случи вчера со притворите за рекет и вели дека како партија се против селективна правда што лидерот на ДУИ Али Ахмети постојано го повторувал.
- Ние сме против селективна правда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, постојано го повторувал тоа, изјави денеска Османи, по апсењата вчера.
За Специјалното јавно обвинителство Османи вели дека институциите треба да го истражат случајот, а долго најавуваниот ветинг е едно од решенијата за кое ќе зборува на лидерската која за во петок ја најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција.