Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Како Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството пријавил кај Заев, случајот „Рекет“ мириса на договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Со признанието на Зоран Заев дека Јордан Камчев отишол кај него да пријави кривично дело рекетирање, а не во обвинителството, го отвора сомнежот за договор во случајот Рекет.

Одговор мора да има зошто Јордан Камчев ја згрешил адресата и наместо во обвинителството отишол кај Заев во владата да пријави кривично дело, па, Заев дополнително во обвинителството за сметка на Јордан Камчев пријавил дека бизнисменот е рекетиран, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Земајќи предвид дека Заев прв дознал за рекетирањето на Камчев и за акцијата против рекетарите, произлегува дека и оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева е порачана од Заев оти периодот на приведување на рекетарите Бојан Јовановски и Зоран Милевски се совпаѓа со оставката на Јанева.

Севкупно, од сите овие активности може да се изведе аргументот дека во случајот Рекет има некаков договор за кој причините и мотивите за ова најдобро ги знаат Камчев и Заев, дотолку повеќе, Заев според неговите калкулации за добивки и загуби од овој случај, можел и да не отиде во обвинителството да го пријави рекетирањето на Камчев.

Но, одговор мора да има и зошто Камчев без око да му трепне изрази спремност да жртвува 14 милиони евра гаранција во замена за пуштање од притворот и како се заработени овие пари оти од одговорот на ова прашања, јавноста ќе види како во изминатите 30 години е вршен грабежот на народниот имот од позиција на власт!

— реклама —

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж оти ветуваме вистинска борба против криминалците, а не борба против криминалот по претходен договор, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања