Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Силен шамар за Заев од Румен Радев: Ќе ви поставиме црвени линии, мора да кажете дека сте измислена нација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорот со Бугарија за добрососедство ги решил проблемите и дека нема повеќе отворени прашања со оваа соседна земја. Но, марионетата Заев доби силен шамар од претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој се заложи за  поставување црвени лини спрема Македонија, со што дојде потврдата дека договорот со Бугарија е всушност димна завеса за бришење на македонскиот народ.

— реклама —

Радев искрено и јасно вели дека подршката за Македонија во евроатланските процеси нема да биде безусловна и безрезервна, што значи дека Бугарија ќе опстои на нејзините барања за ревизија на македонската историја и прикажување на Македонија како измислена коминтерновска творба од 1944 година.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со мораториум на договорот со Бугарија барем до следните парламентарни избори оти и на Заев му е јасно дека на следните избори кога и да се одржат ќе биде катастрофално поразен.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ние ќе се бориме и за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања