Единствена Македонија: Доколку Филип Рикер вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија силно ги осудува заканите на помошниот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, за време на неговата посета на Република Македонија.

— реклама —

Рикер вчера го посети градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и тоа не заради убавините на Кавадарци туку подмукло да прати порака до Христијан Мицкоски дека ако не биде послушен ќе следи негова замена на лидерското место со разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев.

— реклама —

Рикер денеска на прес конференцијата со неговата марионета Заев со изјавата до опозицијата дека „времето за политички игри и истакнување, и големи гестови како и играње со перспективите и идеите на граѓаните веќе е поминато“ испрати безобразна закана до опозициските лидери на партии дека мора да бидат послушни.

— реклама —

Со Рикер дојде потврдата дека во изминатите 30 години со Македонија управуваат марионети купени и контролирани од странски центар. Сепак, Рикер е среќен човек оти доколку вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните ма Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Со новата легална власт на Единствена Македонија времето на марионети станува минато. Доаѓа времето на народни водачи кои ќе работат во интерес на Македонците и државјаните на Република Макеоднија, а не во интерес на странците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања