Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Средбите на Мицкоски и Заев со Филип Рикер се тажен ден, извршено е предавство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Средбите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски со Филип Рикер се тажен ден за Македонија, извршено е предавство врз суверенитетот на државата со признанието на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека Рикер ги носи одлуките за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македнија.

Марионетската власт на Зоран Заев веќе и не крие дека е инсталирана и купена од странски центар која работи на бришење на се што е македонско.

— реклама —

Но, сега дојде потврдата и за Христијан Мицкоски кој пред средбата со Рикер на прес конференција рече: „Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука„ со што Мицкоски несвесно призна дека Рикер ги носи одлуките за Македонија.

Единствена Македонија ги прашува Заев и Мицкоски, дали се слушате што правите и зборувате. Заев е премиер а Мицкоски претендира да стане премиер. Знаете, или би требало да знаете дека премиерите се државна власт која ги носи одлуките за Македонија, а не дипломати како Рикер.

— реклама —

Единствена Македонија не дава празни ветувања. Ние нема да се предадеме, за новата народна власт која доаѓа времето на марионети во Македонија станува минато. Како што му порачавме на американскиот министер за одбрана Џејм Матис дека ќе ги победиме за референудмот кога дојде во Скопје да му помага на Заев за референдумот од наводно руско мешање, така ич око нема ни трепне на дипломати како Рикер да им кажеме дека не смеат да се доближат до државните институции и може само да кружат околу во радиус од најмалку 500 метри, се вели во соопштението од Единствена Македнија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања