Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: МНР да го протера косовскиот амбасадор поради кршење на меѓународното право

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија го повикува министерот во МНР, Никола Димитров, веднаш да го протера косовскиот амбасадор во Република Македонија поради грубо мешање во внатрешните работи на нашата држава.

— реклама —

Косовскиот амбасадор во телевизиска изјава официјално и се закани на Македонија доколку дојде до екстрадиција на косовски државјанин во Србија кој мометално е во екстрадициски притвор во Македонија.

— реклама —

Постапката за екстрадиција е во исклучителна надлежност на судовите во Република Македонија, а мешањето во внатрешните работи и непочитувањето на должноста на членовите на дипломатските мисии да ги почитуваат законите и прописите на територијалната држава е спротивно на член 9 од Винеската конвенција за дипломатски односи.

— реклама —

Свесни сме за фактот што марионетскиот министер Димитров како страснки слуга  ќе мора да се консултира со своите странски газди, но, доколку Македонија подлегне на притисокот од една виртуелна држава наречена Косово, тогаш Македонија дефинитивно не може да се смета за држава во вистинска смисла на зборот, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања