Зоран Заев веќе не крие дека концептот за едно општество го замислува така што законите ќе важат само за Македонците, а не и за Албанците.
Припадниците на албанското малцинство веќе толку се осилија што повеќе не фермаат устав и закони. Најново гледаме дека градоначалник на ДУИ дозволува дивоградби и се мајтапи дека снемало хартија за да постапи по дивоградбите на платформата на Матка а претходно имаме голем број такви случаи, како на пример, локален шериф на ДУИ гради бесправно во Охрид, локален шериф на ДУИ во Чаир тепа полицајка и се мајтапи дека ја тепал пајакот, цело Арачиново не плаќа данок на имот и комунални сметки, првиот човек на ИВЗ не го есапи обвинителството и не се јавува на распит иако има досега десетина покани… а на сето ова од институциите во државата, целосен молк, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Од друга страна, Македонците се секојдненво изложени на политичко-полициски прогон со разноразни кривични пријави за говор на омраза, уставобранителите се фрлени во занданите на Шутка за измислени дела за тероризам.
Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија во новата легална власт на Единствена Макеоднија кој доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците ги третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите, е вели во соопштението од Единствена Македонија.