Актуелно

Боки 13 не е мафија туку пионче, ај да ги видиме органиве кои немаат м*да да ја чепнат Јанева, вели Јордановска.

Новинарката Мери Јордановска по објавувањето на снимките за „Рекет“ од италијанскиот весник, а потоа и по објавувањето на изјавите од српски „Курир“ каде Боки 13 вели дека неговата мајка има докази против Заев доколку тој биде убиен, категорична е дека Боки 13 е пионче.

„Никој никогаш нема да ме убеди дека човекот кој до пред некоја година го знаевме по реалити шоуа, наеднаш, без ничиј грб (а тука не мислам на Катица Јанева) станува главна мафијашка фаца, седнат на трон, додека главни “новинарски бардови” му прават интервјуа во телевизијата “на татко му”. Телевизија каде што цела Влада му доаѓа на честито, а тој гордо парадира помеѓу два викенди во Милано, на себе носејќи гардероба колку што ми чини станот, барајќи милиони евра од бизнисмени кои го имаат измислено зборот “рекет” додека Боки Тредичи уште бил во пелени“, пишува Јордановска.

Таа додава дека Боки 13 не е македонска мафија.

„Никој нема да ме убеди дека силата му дојде сама по себе, ниту пак дека му ја дала Катица Јанева.
Боки Тредичи не е македонската мафија. Тој е пионче, и тоа аматерче, во рацете на една нова мафија.
И преку глава ми е веќе да се занимаваме со опашките облечени во Луј Витон и Гучи, наместо со оние што ја држат палката во рака.  Ај да ги видиме истражниве органи кои засега немаат м*да да ја чепнат ни Јанева, а камо ли оние по чија наредба работел нашиов грев Тредичи“, додава Јордановска.

На почеток