Македонија

Единствена Македонија: Покрај СЈО за криминалот на ВМРО- ДПМНЕ, да се формира уште едно Специјално обвинителство за СДСМ

Пред четири години беше формирано Специјално обвинителство кое требаше да го разоткрие криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Но, во случајот „Рекет„ сега излезе на виделина дека и фунцкионери од власта на СДСМ се носители на организиран криминал и висока корупција.

Денеска дојде и финалето. Во најновата снимка која излезе денеска стана јасно дека и Зоран Заев е вмешан во недозволивиот и непристоен пазар – давање милиони евра од бизнисмени во замена за нивна слобода.

Единствена Македонија презема една поактивна улога да помогне во изнаоѓање на решение кое ќе ни овозможи целосно расчистување со криминалот и од власта на ВМРО-ДПМНЕ и од власта на СДСМ.

Единствена Македонија иницира постапка за основање на уште едно Специјално обвинителство кое ќе го гони криминалот на СДСМ. Во постоечките околности кога веќе имаме Специјално обвинителство за гонење на криминалот на власта на ВМРО-ДПМНЕ и во услови на длабока поделеност меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, најдобро излезно решение за целосно расчистување со криминалот е да се формира уште едно Специјално обвинителство за гонење на криминалот и на СДСМ кој произлегува од прислушкуваните разговори.

За Единствена Македонија нема дилема. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме криминалците без разлика од која партија доаѓаат. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против носителите на организираниот криминал и висока корупција.

На почеток