„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Посебен сообраќаен режим во Бутел, Ѓорче Петров и Ченто поради Задушница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

По повод верскиот празник Задушница денеска, утре и задутре, (2, 3 и 4) во периодот од 6 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник (Ченто) и Ѓорче Петров каде што се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, извести МВР.

— реклама —

Сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски во продолжение по локален пат за село Мирковци – влезот за гробиштата улица Боца Иванова и излегување на улица Александар Урдаревски.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица Црногорска, а на гробишта „Камник“ по улица Јужноморавски бригади и улица Роман Каскалиевиќ.

— реклама —

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања