Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВИДЕО: Се отвора А1 телевизија на Велија Рамковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
a1_vesti-a1tv

По девет години од згаснувањето на најгледаната телевизија А1ТВ чиј сопственик беше Велија Рамковски, таа наскоро повторно ќе се отвори, дознава „Скопје 1“.

Позади телевизијата ќе стои повторно истиот сопственик, а според неофицијални информации, во реобновувањето на А1 ТВ ќе учествуваат и други лица. Информацијата засега не е официјално потврдена.

— реклама —

Првиот сигнал А1 телевизија го доби на 20 јануари 1993 година, а национална концесија доби во 1997 година. А1 Телевизија пред нејзиното затварање беше највлијателната телевизија во Република Македонија. По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 30 јули 2011 година поради одлука на Агенцијата за електронски комуникации. Директорот на АЕК донесе решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејке компанијата А1- телевизија ДОООЕЛ- Скопје имала отворено стечајна постапка.

Дел од македонските експерти сметаа дека ова е пресметка на владеачката партија со А1 телевизија која известувала во корист на опозицијата.Затворањето на А1 од Стејт Департментот, репортери без граници, Хелсиншки комитет, од ОБСЕ, беше означено како замолчување на критички настроените медиуми. Затворањето влезе и во Извештајот за напредокот на Република Македонија. Во јули 2008 година, во рамките на А1 телевизија беше оформена и нова А2 телевизија, чија фрекфенцијa, беше одземена со одлука на Советот за радиодифузија, поради програмска неусогласеност. Дел од новинарите, снимателите, монтажерите, тонците и вработени во други бранши, работат во други медиуми, дел останаа без работа.

— реклама —

Погледнете го видеото направено при затворањето на А1 телевизија:

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања