Промени тема
Контакт

Единствена Македонија: Доколку Заев има грам морал, вечерва Централниот одбор на СДСМ да донесе одлука за избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Зоран Заев доколку има грам морал, совест и одговорност, вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ веднаш да побара распишување на нови парламентарни избори.

Зоран Заев и неговите политики на домашен терен се поразени. Заев направи во земјата да владее безаконите, корупција, криминал и бесмилосно богатење од позиција на власт и врз грбот на народот.

— реклама —

Но, она што е најбито, случајот Рекет во кој се спомнува и името на Зоран Заев покажа дека Катица Јанева како клучен експонент на Заев и неговите странски газди да го гони по задача криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, всушност самата Јанева потона во криминал со изнудувањето рекет во милиони евра. Да потсетиме на мислењето на Заев за Катица. Тој се колнеше во неа и тврдеше дека верува во нејзините способности и капацитет, дури, сакаше Јанева со закон да ја унапреди и во Републички обвинител.

— реклама —

Сето ова и дава право на Единствена Македонија како автентична опозициска партија да ги оспори резултатите на марионетската власт во Скопје и да побара Зоран Заев веднаш да иницира распишување на предвремени избори, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања