🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Вакцинацијата против сезонски грип почнува утре (05.11.2018 година) во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. За првпат годинава, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.

— реклама —

„Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик“, потенцираше министерот Филипче.

Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

— реклама —

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, можат да се вакцинираат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.

Министерството за здравство при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра. Дистрибуција на вакцината е веќе завршена и утре почнува вакцинацијата!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања