Македонија

Катица Јанева во лоша здравствена состојба, прима антидепресиви за смирување

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која од пред два дена е во притвор во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка е во лоша здравствена состојба, дознава „Скопје1.мк“. Според нашите извори, Јанева во континуитет прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок. Таа била и кај затворскиот доктор на преглед, а невролошките проблеми датираат и пред да заврши во затвор.

Лошата здравствена состојба на Јанева беше евидентна и претходните денови, откако на испрашувањето во судот, кога и беше одреден 30-дневен притвор и се слоши, по што интервенираше Брза Помош. Таа на проблеми со здравјето се пожалила и вчера откако отпатува за Гевгелија, па по половина час беше вратена во затворот.

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева доби 30 дневен притвор и синоќа беше пренесена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јавното обвинителство ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и стекнала материјална корист во случајот „Рекет“ заедно со другите двајца осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се повеќе од 30 дена во притвор, а истрагата продолжува натаму.

На почеток