Македонија

Неуниформираните полицајци ги чуваат жителите на Стариот дел во Охрид- кражби има секоја ноќ

Стариот дел на Охрид, мета на крадци. За само неколку дена во СВР Охрид биле пријавени десеттина поголеми кражби. Ова е причината поради која СВР Охрид го зголеми присуство на полиција низ Варош и Месокастро.

„Зајакнати се полициските патроли пред се на неуниформираните полициски службеници во градот, а во тој контекст и во стариот дел на Охрид, со цел пронаоѓање на сторители на кражби и на други казнени дела, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид за Скопје1.мк.

Жителите пак на Стариот дел од Охрид видно вознемирени. Тие меѓу себе споделуваат информации и начини како да се заштитат. Велат Се плашиме. Не можиме да спијаме раат. Нема вечер крадци да не упаднат во некоја куќа. Или кај нас или кај комшиите“, велат старите Охриѓани.

Неофицијално синоќа жител на Стар дел го забележал крадецот кој по втор пат се обиде да ја ограби истата куќа. Тие веднаш пријавиле во полицијата, објавувајќи и негова фотографија од социјалните камера. Потерата по крадецот ја вршеле и мештаните и полицијата, но крадецот сепак успеал да избега.

На почеток