Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Приведени мајстори кои работеле на дивоградба во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
svr

Предмалку полицијата приведе мајстори и градежни работници кои работеле на објект, дивоградба на улица Марко Нестороски. Работниците биле пренесени со полициско комбе и во моментов се во Охридската полиција.

— реклама —

Приведувањето доаѓа откако локалниот инпекторат се обидел да ја стопира градбата, но изведувачот си продолжувал со започнатото.

— реклама —

За потсетување советот на општина Охрид неодамна ја усвои одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се воведува мораториум за градба во оваа општина. Воедно, советниците одлучија времено да се прекинат и постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти во Охрид, а го усвоија и Извештајот и Акцискиот план на владата во кој се опфатени сите чекори, постапки и активности кои ќе бидат преземени во наредниот период за исполнување на препораките на УНЕСКО што произлегоа по завршувањето на 43 – тата сесија на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО.

— реклама —

Општина Охрид постапи по заклучоците од 146 – тата седница на македонската влада и зазеде став дека ја почитува определбата за да се зачува статусот светско наследство на УНЕСКО на природното и културно наследство на Охридскиот регион. Донесената одлука на општинарите ќе се применува до донесување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион или најдоцна до 1 февруари 2020 година.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања