Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Единствена Македонија: Случјаот Рекет покажува дека Македонија нема вистинска Служба за државна безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија изразува шокираност од добиените сознанија со кои се потврдуваат шпекулациите во јавноста дека бизнисменот Јордан Камчев вршел тајното аудио и видео снимање на рекетарската група со помош на шпионска служба од една соседна земја, се вели во соопштениет од Единствена Македонија.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија сега со право се прашуваат што работат македонските тајни агенти во услови кога главниот сведок во случајот „Рекет“, бизнисменот Камчев слободно си нарачувал услуга од соседна шпионска служба.

— реклама —

Крајно опасно е за националните и државните интереси дококу во целиот снимен материја кој го поседува Камчев и соседната шпионска служба има компромитирачки материјал и за највисоките државни функционери на владеачката СДСМ кои би биле сериозно уценети во актуелните разговори за ревидирање на македонската историја.

Од друга страна, јавноста е сведок како македонската Служба за државна безбедност наместо да се занимава со својата основна работа на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, е преокупирана со банални работи за бројот на вработени Албанци во тајната служба.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, се вели во соопштениет од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања