„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на опозициската партија Единствена Македонија, Јанко Бачев се обрати по повод 8 Септември, Денот на независноста.

— реклама —

-„Денес во Република Македонија е тежок и тажен ден за македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. На 8 Септември денот на независноста, народот е очаен и разочаран од погубните политики на марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар.

Власта брише се што е македонско, односно, го брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а сето тоа против волјата на народот. Власта кажа „да„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија на референдумот лани на 30 септември рекоа „не“. Во земјата владее безаконие, криминал и корупција.

— реклама —

Актот на раѓањето на една држава би требало да биде поздравен со манифестации на радост, но, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување. Страшно е да не можеме да се радуваме на еден ваков извонреден настан во историјата на Македонија.

Единствена Македонија како партија која полага корени во историското ВМРО ветува дека ќе ја врати Република Македонија на изворните илинденски и асномски принципи од Уставот од 1991 година. 8 Септември не задолжува да ги победиме непријателите на македонското  дело. Народот во новата легална власт на Единствена Македонија ја гледа последната надеж оти кажуваме директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиоит народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против непријателите на македонското дело - се вели во изјавата на Бачев по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања