Градоначалникот на општината Дебрца Зоран Ногачески кој бил присутен на натпреварот , а беше и на протестот пред полицијата вели дека немало никави политички мотиви или инспирации во целиот инцидент кој го опценува како непотребен.
„Инцидентот се случи надвор од спортскиот терен и нема врска со политика. Апелирам да не се политизира, да не се поврзува со некој историски случувања од пред повеќе од еден век, или да се поврзува со актуелни тековни политички процеси. Значи повторувам нема политика во инцидентот и целиот настан е навивачка и спортска природа.“ – изјави Нигачески.