Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Заев и Мицковски утре да ја договорат и формата за слобода на уставобранителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија очекува на утрешната средба меѓу Заев и Мицкоски, покрај разгледувањето на Законот за јавното обвинителство со кој се решава и судбината на специјалното обвинителство, да направат и една добра работа и да ја договорат формата за слобода на уставобранителите - преку претседателот со помилување, или преку Собранието со амнестија.

— реклама —

Судско-обвинитеслкиот систем во земјата е целосно девалвиран и поразен со случаите Рекет и одбивањето на екстрадиција на македонски бегалци од дури три земји членки на Европската Унија - Грција, Унгарија и Шведска со образложение дека станува збор за политички прогон во Македонија во политички монтирани судски процеси. Оттука, нема повеќе никаква смисла да продолжи политичкиот прогон и врз уставобранителите кои се фрлени во темните затворски задани, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија потсетува дека граѓаните на 27 април влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото оти претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Дури, и поранешниот претседател Иванов при давањето на мандатот на Заев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок.

— реклама —

Единствена Македонија верува дека утре Заев и Мицковски ќе бидат на висината на задачата, и меѓудругото, ќе договорат и слободата за уставобранителите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања