Македонија

Единствена Македонија: Мицкоски и Заев сакаат свој обвинител за да го заштитат криминалот на своите партиски раководства

По вчерашната средба меѓу Мицкоски и Заев, јавноста со неверување гледа како овие двајца пиони на Брисел на отворена сцена лицитираат кој да постави свој човек во обвинителството за организиран криминал и висока корупција.

Единствена Македонија и македонскиот народ се свесни дека Мицкоски и Заев водат жестока битка кој да ја предложи новата Катица Јанева за да го заштитат своето лично богатење врз грбот на народот како и на луѓето од раководството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски  директно газат по законите во државата оти знаат или би требало да знаат дека обвинителите треба да се бираат на јавен оглас според знаење, способност и достигнување. Мицкоски и Заев ја поразија идејата за правна држава.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија наивно верувале дека обвинителите се бираат независно и непристрасно да се борат со криминалот, па, како тогаш, македонските функционери во изминатите 30 години влегуваат во власта како обични граѓани а си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

На почеток