Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Од каде извира правото на пионите на НАТО, Мицкоски и Заев, да бираат обвинител по партиска линија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија се силно вознемирени од жестоката битка меѓу странските пиони на НАТО, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, кој да го постави новиот шеф во обвинителството за организиран криминал и висока корупција и да има контрола врз предметите на специјалното обвинителство, со цел, да ги заштитат своите луѓе од раководството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев и Христијан Мицкоски и должат одговор на јавноста од каде извира нивното право да го приватизираат и партизираат изборот на нов шеф во обвинителството за организиран криминал и висока корупција и изборот да го извршат по партиска линија.

— реклама —

Зоран Заев и Христијан Мицкоски  директно газат по законите во државата оти знаат или би требало да знаат дека изборот на нов обвинител не може да се третира како партиска забава туку, треба да се бира на јавен оглас според знаење, способност и достигнување.

— реклама —

Новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека во корен ќе ја сосече погубната практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партизираност на судско-обвинителскиот систем во изминатите 30 години кој им овозможува да влегуваат во власта како голтари а да си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања