„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Триесет дена притвор за пијан тракторист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
njemac-traktor1

На возач на трактор од кочанското село Двориште му е определена мерка притвор во траење од 30 дена постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка.

— реклама —

Од Јавното обвинителство на Република Македонија соопштија дека ссомничениот како учесник во сообраќајот на јавен пат, во својство на возач, не се придржувал кон прописите со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

— реклама —
Имено, спротивно на чл.228 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако знаел дека му претстои управување со возило, се довел во состојба под дејство на алкохол, со присуство на алкохол во крвта од најмалку 0,75 грам промили. Потоа, во таква сосотојба, управувајќи со моторно возило – трактор „Ландини 7830″ без регистарски ознаки во правец од с. Двориште до излез кон Република Бугарија, излегол од десната страна на коловозот, при што тракторот се превртел во удолнина во должина околу 10 метри.

Дополнително, спротивно на чл.186 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако на тракторот немал фабрички посебно вградено седиште, во кабината превезувал уште едно лице.

По превртувањето на тракторот, сопатникот се здобил со тешки телесни повреди на главата во вид на скршеници на черепот и како последица на повредите починал. Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка и ќе влијае врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани достави Предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања