Македонија

Бачев до Вес Мичел: Злонамерно влијание во Македонија има од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина

-„ Слушнав нешто од поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел денеска во Скопје во рамките на самитот на „Економист„ за некакво штетно влјание на Русија и Кина во Македонија и дека слаб и дестабилизирачки Балкна била главната цел на Кина и Русија. Со жалење морам да констатирам дека Вес Мичел ги испомешал работите, бидејќи зборува за погрешна адреса оти злонамерното влијание во Македонија доаѓа од НАТО и ЕУ, а не од Русија и Кина.

Русија и Кина не го доведуваат во прашање територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, а рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста доаѓа од Македонија. НАТО и ЕУ во спрега со марионетската власт во Скопје, насилно, со уцени и закани бришат се што е македонско со промена името, идентитетот историјата и традицијата на македонскиот народ, нешто, што е недозволиво и забрането со меѓународното право. Замислете која дрскост од Вес Мичел, среде Скопје збрува за некаква нова Македонија и нов Балкан на 21 век, а токму тој и НАТО и ЕУ не ги почитуваат современите цивилизаторски вредности во однос на македонскиот народ и македонската држава оти бришат цел еден народ од светската мапа на нации. Оставам на секој нормален човек да изгради сопствено лично убедување, кој има злонамерно и дестабилизирачко влијание во Македонија – НАТО и ЕУ или Русија и Кина“ – потенцираше Бачев во реакцијата на денешната изјава на Вес Мичел .

                                                                          

На почеток