„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Газираните сокови причина за раниот пубертет?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
sok

Факт е дека старосната граница на почетокот на пуберетот се намалува, а научниците дале појаснување за тоа.

— реклама —

Честата консумација на газирани сокови може кај девојчињата да биде поврзана со поран почеток на пубертетот, укажува истражувањето спроведено на Харвард.

Следејќи околу 5.600 девојчиња на возраст од девет до 14 години, научниците пресметале дека меѓу испитаниците, кои пиеле повеќе од 1,5 дози газирани сокови дневно до првата менструација доаѓало просечно 2,7 месеци порано отколку кај нивните врсници, кои пиеле помалку газирани сокови неделно.

— реклама —

Воочената врска била независна од индексот на телесната маса на девојчето.

Инаку, раниот почеток на пуберетот кај девојчињата е поврзан со поголемиот ризик од депресија во адолесенцијата и рак на дојката во повозрасните години, тврдат научниците.

Според нив, добиените наоди е можно да се појаснат со последиците од консумација на голема количина шеќер од газираните сокови, што доведува до зголемување на присустноста на инсулин и некои полови хормони поврзани со поран почеток на пуберетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања