Скопје

Кој стопанисува со спортското игралиште во Ново Лисиче? Дали навистина под концесија го има пријател на градоначалникот на Аеродром?

Кој стопанисува со спортското игралиште лоцирано веднаш до градинката на ОУ „Александар Македонски” во Ново Лисиче? Алфа дознава дека тоа пред извесен период, било дадено под концесија на близок човек на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, откако Општината го раскина договорот за користење склучен со ФФМ. Според информации на Алфа игралиштето сега го користи извесен „Фудбалски клуб Аеродром 2018“.

Дали клубот има решение да го стопанисува, и што стои во документот ако истиот постои, Алфа побара официјално одговор од Општината. Два дена од кабинетот на Марин молчат. Алфа побара одговори на терен. Но во моментот кога  екипа била таму можеа да се забележат само деца кои тренираат. Беа дојдени од Битола.

Игралиштето овде во Ново Лисиче денеска беше отворено само за млади фудбалери од Битола. Останува не јасно зошто за граѓаните за кои е наменето не можат да спортуваат, случај каков што беше изминатиот период.

Инаку, фудбалското игралиште е дел од проектот на претходната Влада и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава. Сега, останува отворено прашањето кој го има земено под концесија, и кој го користи.

Текстот во целот на: Алфа.мк

 

 

На почеток