Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Али Ахмети го губи компасот, му гарантирал на Палмер дека бришењето на Македонците е завршена работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Од ДУИ се пофалија дека на денешната средба со заменик - помошникот секретар на САД Метју Палмер, нивниот лидер Али Ахмети истакнал дека ДУИ е гарант на Преспанскиот, Охридскиот како и на Договорот со Бугарија од кои како што рекол Ахмети нема враќање назад во ниту еден случај.Очигледно е дека Али Ахмети го губи компасот. Единствена Македонија гарантира дека Али Ахмети од албанскоот малцинство во никој случај нема да одлучува за судбината на македонскиот народ. Иднината на Македонија ќе биде согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант на волјата на македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија од референдумот лани на 30 септември дека не сакаат во ЕУ и НАТО и промена на името.

— реклама —

Антимакедонскиите договори со кои се брише се што е македонско се спротивни на меѓународното право и волјата на македонскот народ. Единствена Македонија е гарант дека антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско ќе бидат поништени, додаваат во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања