Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената!

Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK Во живо

Единствена Македонија: Апанажата на обвинетата Катица Јанева го покажува сиот гнилеж на македонските власти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Со барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да добива апанажа се покажува сиот гнилеж на македонските власти. Крајно неморално, нечесно и неправедно е Катица Јанева која е обвинета за кривични дела и разрешена поради нестручно и несовесно работење  да добива апанажа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија ги повикува пратенциите да го изменат законското решение со кое се овозможува на пратеници и други функционери по престанок на мандатот да добиваат плата во форма на апанажа. Дури и функционери како Катица Јанева која е обвинета и разрешена и не работи повеќе и понатаму да си зема плата од буџетот.

— реклама —

Потсетуваме дека Единствена Македонија уште на 25.08.2009 под ев. собраниски број 3699/1 поднесе Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Реублика Македонија за кратење на функционерските привилегии по престанок на мандатот. Но, од страна на пратениците - целосен молк!

— реклама —

Пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се расправаат за се и сешто во Собранието, но, се единствени и сложни кога се работи за функционерските привилегии.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант и ветува дека ќе ги укине скандалозните функционерски привилегии за бесмилосното трошење на народните пари и непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања