сре. Ное 20th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

ФОТО: Сопругата на Никола Груевски се журка на роденденска прослава

Боркица Груевска, долгогодишната сопруга на експремиерот и бегалец Никола Груевски пред неколку дена беше забележана во скопски локал каде се забавуваше со свои пријатели. Ова е нејзино прво јавно појавување, откако нејзиниот сопруг стана азилант во Унгарија. Судејќи според фотографиите, таа е видно расположена и насмеана.

Поводот за ова вечерно журкање на Боркица е роденденот на еден скопски локал, кој се наоѓа во близина на станот каде таа живееше со експремиерот, а сегашен бегалец, Никола Груевски.

Претходно, Груевска не се појави заедно со нејзиниот сопруг кога тој го бранеше неговиот докторат на Економскиот факултет во Скопје. Наместо неа, нејзините две ќерки беа во придружба на нивната баба, Нада. Никола и Боркица се заколнаа на вечна љубов на 10 мај 2007 година.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close