Денес на патниот правец Охрид – Кичево кој е во изградба, од страна на градежници било забележано повредено животно. Тие велат дека станува збор за рис кој бил повреден од возило и не можел да се движи.
Лицата кои работеле на патниот правец го известиле Министерството за земјоделство, шумарство и водосопанство, како и Македонското еколошко друштво кои веднаш го транспортирале во Скопје за негово лекување, но рисот не преживеал.