Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Силно ја поздравуваме искреноста на Макрон дека ЕУ и НАТО се мртви организации, останува уште Заев да разбере

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија силно ја поздравува искреноста на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО Алијансата е на смртна постела и минува низ мозочна смрт, а Европската унија е на работ на провалија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Сега останува триото Заев, Шеќеринска и Димитров да се извинат за сета болка и понижување што му ја нанесоа на македонскиот народ со бришењето на се што е македонско во замена за членство во НАТО и ЕУ спротивно на волјата на народот од референдумот лани на 30 септември.

— реклама —

Останува Заев да разбере дека неговите политики на надворешен план се целосно поразени. Заев ќе биде силно поразен на следните избори, но, за националното предавство со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, одговорност мора да има.

— реклама —

За новата легална власт на Единствена Македонија која доѓа нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. Македонија има алтернатива во сојузи и партнерство со држави кои не го доведуваат во прашање македонскиот народ и македонската држава.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант за поништување на сите антимакедонски договори и враќање на Македонија на изворните илинденскии асномски принципи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.                                                            

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања