Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: Да се направи нова економска Југославија за подобар живот на народите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Единствена Македонија ја поздравува регионалната иницијатива за соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија, но, се залага во ова регионална иницијатива да бидат поканети и БиХ, Црна Гора, Словенија и Хрватска со што последните две држави би биле вклучени во области на соработка кои не се во спротивност со нивните обврски како земји членки во ЕУ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

На тој начин би се направила една нова Југославија со пазар од повеќе од 20 милиони жители што би довело до економски раст и подобар живот за народите на сите овие држави.

— реклама —

Единствена Македонија во контекст на пошироките светски интеграции, го реафирмира ставот дека Република Македонија има алтернатива на НАТО и ЕУ кои промовираат геноциден проект  за бришење на македонскиот народ.

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. На Република Македонија и треба членство во сојузи кои не го доведуваат во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја почитува волјата на народот од референдумот лани на 30 септември дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања