Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Караванот на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Караванот на Единствена Македонија во Куманово на средби со народот каде тимот предводен од претседателот на партијата Јанко Бачев подели околу 5.000 примероци од Платформата на Единствена Македонија насловена како “Битка за Република Македонија”, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Република Македонија преживува најтешки моменти од кога било досега. Затоа, Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност не може да стои настрана. Мора да го кажеме нашиот став за иднината на Македонија која ќе се решава на избори во 2020 година - настан од историско значење на кои народот, а не некој странец ќе го даде одговорот - или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.

— реклама —

Кумановчани покажаа голем интерес за Платформата и порачаа дека определбите во Платформата се всушност последната надеж за Македонија и Македонците.

— реклама —

Караванот „Битка за Македонија ќе го посети секое поголемо населено место во државата. Според планот, Платформата до 31.12.2019 во 100.000 примероци ќе биде поделена низ Македонија, со цел, народот да може одблиску да се запознае со стратешките определби за Македонија и Македонците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања