Спасувачките екипи во Албанија продолжија да работат и длабоко во ноќта во потрага по преживеани по катастрофалниот земјотрес. Но за жал, по катастрофалниот и разорен земјотрес во Албанија животите ги загубија над 24 лица а повредени се над 600 лица.
Во видео обраќање, премиерот Еди Рама рече дека спасени се околу 40 лица, и додаде дека институциите ќе сторат сé за да ги извлечат сите лица за кои се верува дека се се уште под урнатините. Рама повика на смиреност и додаде дека е уверен дека Албанците ќе ја надминат и оваа природна непогода.
Албанија вчера беше погодена од разорен земјотрес од 6.4 степени по Рихтер. Потрресите не запираат ни во текот на целиот ден.
фото: Архива