Актуелно

ВО ЖИВО: Семејства се вадат од под урнатините во Албанија

Шестчленото семејство Лала останало заробено под урнатините на четирикатната зграда во Драч по силниот земјотрес што ја погоди Албанија во вторникот. Спасувачите успеале да го извадат телото на жената, но не можеле да ги пронајдат преостанатите пет члена, меѓу кои близнаци и уште едно дете. Албанските спасувачи успеале да го лоцираат и да го извлечат телото на жената, но нејзиниот идентитет сè уште не е познат, јавуваат медиумите. Тие додаваат дека таа е една од шесте членови на семејството Лала кои биле затрупани по уривањето на зградата во земјотресот.

Според вклучувањата во живо на албанските медиуми, цели семејства се вадат од под урнатините. Операцијата за спасување во Драч продолжува.

Според досегашните податоци на Црвен крст, во земјотресот загина 31 лице, а стотици се повредени. Ова е најсилниот земјотрес по потресот од 1979 година, во кој животот го загубија 120 лица. Околу 2.500 луѓе се сместени во импровизирани кампови, додека други најдоа привремено прибежиште на фудбалскиот стадион во Драч. Тие добиле храна и вода, но проблем им е студеното време.

За земја која има најнизок бруто-домашен производ по жител во Европа, оваа ситуација се заканува да ги остави погодените од земјотресот во тешка ситуација.

Сведоштва на жителите, проследете тука:

На почеток