Свет

Ужасна приказна од Албанија: Мајка почина од тага по нејзината шестгодишна ќерка која загина во земјоресот

Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија,загинаа најмалку 35 лица. Спасувачките служби сè уште се обидуваат да најдат преживеани под урнатините на зградите.

Според последните информации, спасени се 45 лица.

Улиците на Драч се полни со урнатини од станбени згради, а бројот на загинатите постојано расте, додека во јавноста доаѓаат трагични приказни за несреќни семејства.

Меѓу нив е приказната за жена која го загубила сопругот пред неколку години и сега ја загуби шестгодишната ќеркичка во земјотресот.

Спасувачите ја пронајдоа Диена Мекај Каранџа (30) со нејзината ќерка под урнатините на шесткатница во Драч. И двете се здобиле со сериозни повреди и биле пренесени во болница.

Два часа подоцна, пристигна вест дека нејзината ќеркичка починала од повредите. Диена почина истата ноќ, на 26 ноември, а медиумите јавуваат дека починала „од тага“.

Семејството Каранџа ја доживеа првата трагедија во 2015 година кога Диена го загуби сопругот. Потоа напиша тажна порака на Фејсбук.

„Отсекогаш мислев дека Бог ми даде многу среќа затоа што имам пријател и сопруг како мојот Дорис, но животот е вистински тест. Ми недостига толку многу“, напишала таа.

На почеток