Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој во средата ја погоди земјата загинале 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени. Тој информира и дека потрагата и спасувачките операции по преживеаните официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.
Според прелиминарните проценки, како што наведе Рама, околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени. Земјотресот беше со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала.
