Експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во времето додека седел во пратеничките клупи, инкасирал високи средства за патни трошоци. Спроед базата на податоци која ја објави Министерството за финансии, буџетарот Николоски од 2010 па до 2017 година, инкасирал над 127.000 евра исплатени од Собранието.
Николоски е по потекло од Охрид, а најголем дел од овие средства се исплаќани на негова сметка преку контото „патување во земјата – патни расходи“, ставка која се користи за исплаќање на патни трошоци.
Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.
Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка.
Патни трошоци е една од ретките теми која ги обединува сите пратеници. Кога ќе се споменат овие трансфери на пари, власта и опозицијата се секогаш заедно, односно делат исти ставови и се штитат меѓусебно.