Свет

Поради непромислена изјава градоначалничката од Драч поднесе оставка

Валбона Сакора, градоначалничката на Драч поднесе оставка на функцијата, по непромислената изјава за силниот земјотрес кој го зафати регионот во Албанија со трагични размери.

Имено таа наиде на силен медиумски притисок откако изјави „дека е среќна што починале само 50 жртви во природната катастрофа“.

Соопштувајќи ја одлуката на нејзиниот профил на Фејсбук да се повлече од градоначалничката функција, таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала синоќа. Таа им се заблагодарува на сите за довербата што и ја дале и бара разбирање од сите, поради изјавата која е последица на нејзината премореност.

– Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов, под стрес и премореност кои ја надминува мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Им благодарам од срце на сите што веруваа во мене и се надевам дека ќе ме разберат,напиша на Фејсбук.

 

На почеток