Свет

Рама им се заблагодари на Заев, Вучиќ и на лидерите во регионот за помошта

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа им се заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.

„Не можам да пронајдам зборови со кои би искажал колку ни значи таа поддршка…Беше прекрасно како регираа Вучиќ и Заев….да не ги споменувам нашите браќа од Косово. Прекрасно“ порача Рама.

Албанскиот премиер исто така им се заблагодари и на Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот спасувачки тим во Албанија дошол самоиницијативно.

Тој им се заблагодаи и на САД, на папата Франциск и на Саудиска Арабија, извинувајќи им се на тие што ги заборавил да ги спомене.

фото: Архива

На почеток