Денешниот став на ДУИ кој го пренесе Бујар Османи дека било каква промена на Законот за јазиците ќе не помести од патот и не враќа пред 2001 година, претставува повторно заигрување со огин од страна на ДУИ и отворен повик за нова војна во Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Со ова се потврдува ставот на Единствена Македонија кажан на повеќе пати низ годините дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.
Ссвоевидната објава на нова војна од ДУИ се става највисоко на агендата на Единствена Македонија и македонскиот народ.
Законот за јазиците со кој се воведува јазична федерализација како преодна етапа до територијална федерализација, мора да се укине.
Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ќе ги поништиме штетните договори вклучително и двојазичноста која произлезе од такнаречена тиранска платформа. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.