„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

МКД.Мк: РКМ увезува опасна смеса мазут во Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maslo-upotrebeno

Информацијата дека македонската компанија РКМ дооел Скопје во земјава во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори, кое претставува опасен отпад, потврдија хрватските власти за МКД.мк. На истото прашање од македонската царина ни одговорија дека „немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.

— реклама —

Македонската компанија РКМ деновиве би требало да се соочи со сериозни казни поради обидот во земјава да увезе најмалку десетина цистерни со мазут помешан со масло од трансформатори, екстремно опасна материја чие согорување мора да се одвива во посебни печки. За ова преку меѓународната асоцијација СЕЛЕК (Југоисточен центар за спроведување на законот) веќе биле информирани хрватските, романските и македонските власти, објави МКД.МК

И кога цистерните дошле до македонската граница со такво предупредување, македонската царина го утврдила токму спротивното.

— реклама —

Во врска со Вашето прашање, информираме дека е направено истражување како од наша страна, така и од страна на хрватските надлежни институции и по направената хемиска анализа утврдено е дека нема неправилности во документацијата ниту во декларираната стока и таа е ослободена. Хрватските надлежни институции направиле анализа во однос на штетноста на стоката и согласно со резултатите добиени по направените анализи немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето. Од наша страна известен е Државниот пазарен инспекторат, кој дополнително ќе преземе мерки за контролирање на исправноста на стоката по нивна надлежност“, ни одговорија од Царинската управа на Македонија.

Нивните колеги од Хрватска ни велат нешто сосема друго.

Текстот во целост на:МКД.МК  

фото: IndiaMART

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања