На Света Гора, каде што со векови им бил забранет пристап на жените, археолозите откриле коски на една жена на територијата на манастирот Пантократор. Најновите детали за истражувањето беа објавени на 17 декември годинава. Според „Live Science“, американскиот антрополог Лоран Вин Антикас била повикана на Атос за да ги испита коските пронајдени под параклисот на Свети Атанасиј. По неколкумесечно испитување , таа заклучила дека коските според големина и форма ѝ припаѓаат на жена и дека биле погребани таму вторпат, што значи дека тие биле внимателно пренесени од првобитното место на кое била погребана.
Надлежните во манастирот побараа овие тврдења да се тестираат уште еднаш со најнова технологија, затоа што е тешко да се објасни која е оваа жена воопшто и како нејзините коски се нашле на Света Гора. Единственото можно објаснување е дека во времето на дивеењето на пиратите на Егејот, монасите ги отвориле вратите на манастирот на жени што нашле прибежиште таму, иако тоа било многу ретко.
Грчките медиуми објавија дека царот Душан Немањаќ, бегајќи од неволји, ја одвел својата сопруга Јелена Кантакузин на Света Гора, но дека за време на престојот имало килими по кои одела наоколу, за никогаш да не ја допре земјата.
Покрај коските на оваа жена, пронајдени се остатоци од седум други лица, а од начинот на кој биле погребани, јасно е дека тие биле важни личности на тоа време.
