Македонија

Единствена Македонија: Скандал, министерот и неговата заменичка во МВР разговараат преку писма

Единствена Македонија и македонскиот народ најсилно го осудуваат погубното однесување и отворената нетрпеливост меѓу министерот и неговата заменичка во МВР. Недозволиво и крајно опасно е првите луѓе во МВР да не сакаат да се видат меѓу себе и се допишуваат со писма иако кабинетите им се еден до друг. Единствена Македонија прашува, а што ако сме во војна или дојде до посериозно загрозување на редот и поредокот во државата,  дали во таков случај првите луѓе во МВР би функционирале како старешини на две спротиставени полициски војски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Личната нетрпеливост меѓу првите луѓе во МВР кои не сакаат дури и да се видат меѓу себе е скандал сам по себе и голем срам во очите на домашната и светската јавност.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават недозволиви импровизации и го сведуваат МВР на обични бројки – колку партиски началници ќе добијат, колку возила ќе им дадат на своите партиски апаратчици да се луксузираат со службени возила. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат дека го растураат едно од најзначајните министерства одговорно за безбедноста, редот и поредокот во државата.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги сосече во корен ваквите неодговорни и опасни политики. Единствена Македонија државните функции ќе ги довери врз основа на знаење, способност и достигнување, велат од од Единствена Македонија.

На почеток