Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената!

Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK Во живо

Единствена Македонија: Зошто Заев како и Груевски се уплаши од вистинско лустрирање на кодошите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Единствена Македонија и поголем дел од македонскот народ и државјаните на Република Македонија со жалење ја примија одлуката на Зоран Заев за поништување на лустрацијата. Никола Груевски своевремено од лустрацијата направи лакрдија и обична гротеска лустрирајќи само кодоши во СДСМ иако и во ВМРО-ДПМНЕ вриеше од кодоши на тајната служба. Дури, во коалицијата на Груевски имаше седум лидери на партии кои биле соработници на тајната служба и партиите им биле формирани по задача од Службата за државна безбедност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Сега и Заев тргнува по стапките на Груевски, дури и порадикално, со одлуката воопшто да нема лустрација и тоа од оправдани причини: во извршната власт на Заев на повеќе нивоа врие од функционери - кодоши и функционерски деца на соработници на службата кои граделе кариери со кодошење на политичките неистомисленици.

— реклама —

Така, функционери - кодоши и функционерски деца на кодоши и понатаму ќе ја водат државата. Универзитетски професори - кодоши и натаму ќе ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели - кодоши и натаму ќе ни сервираат фалсификувана историја. Новинари - кодоши и натаму ќе го креираат јавното мислење. Олигарси - кодоши што извршија економска диверзија врз сопствениот народ и натаму ќе го крадат народот.

— реклама —

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе изврши целосно прочистување и ќе спроведе брза, ефикасна и правична лустрација со која кодошите кои кодошеле од идејно-политички причини ќе заминат во историјата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања