Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Единствена Македонија: По победата на изборите, не само што ќе има лустрација, туку ќе ја прошириме и со шпионите на странски служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Ја информираме јавноста дека новата легална власт на Единствена Македонија по победата на изборите веднаш ќе донесе нов закон за лустрација со кој ќе се овозможи брза, ефиксна и правична лустрација со цел прочистување на општеството од соработниците на Службата за државна безбедност кои кодошеле од идејно политички причини, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Ова од причина што, мора да престане практиката во Република Македонија функционери - кодоши и функционерски деца на кодоши и понатаму да ја водат државата. Универзитетски професори - кодоши и натаму да ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели - кодоши и натаму да ни сервираат фалсификувана историја. Новинари - кодоши и натаму да го креираат јавното мислење. Олигарси - кодоши што извршија економска диверзија врз сопствениот народ и натаму да го крадат народот.

— реклама —

Истовремено,  лустрацијата ќе биде проширена и со шпионите на странски служби и држави кои работат против интересите на Република Македонија со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања