🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Челзи поради бизарна причина не потпишал договор со Мбапе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт

Со само 19 години младиот Французин Килиан Мбапе е вистинска ѕвезда, а неговата кариера можеше да се движи и во друга насока ако во 2012 година, како 13-годишен фудбалер потпишал за Челзи. Бил на проба, но поради бизарна причина, англискиот клуб не потпишал договор со него.

— реклама —

„Беше на проба, но не нè увери дека може да потпишеме договор, бидејќи дефанзивно беше слаб. Потоа, ја замоливме неговата мајка да дојде уште еднаш на проба, но таа го одби нашето барање. Дефанзивно како да не постоеше. Беше неверојатен со топката, но без неа како да го немаше на теренот. Сега е играч кој сите сакаат да го гледаат, го има тоа што модерниот фудбал го бара и во наредните десетина години ќе биде меѓу најдобрите во светот“, вели некогашниот скаут на Челзи, Даниел Бога.

Во тој период, Мбапе играл за Бонди, мал тим од предградието на Париз, а сега е член на ПСЖ, а овој тим му плати на Монако 180 милиони евра за да го доведе на „Паркот на принцовите“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања