Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Единствена Македонија до пратениците: Кога не прифаќате нов изборен модел, прифатете барем забрана за предизборно коалицирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edinstvena-makedonija

Промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е блокирана во Собранието со илјадници амандмани. Но, ги повикуваме пратениците барем да усвојат решение во Собранието со кое се забранува предизборно коалицирање помеѓу партиите, со што се овозможува единствено постизборно коалицирање, како демократски исчекор кон реално одмерување на политичката тежина на партиите учеснички на изборите, со што се става крај на шпекулациите за големината и квази-карактерот на партиите, се вели во соопштението од  Центар за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

Пратениците имаат и посебна обврска за ова оти во изминатите години продефилираа дури седум партии формирани своевремено по нарачка од тајната полиција. Исто така, јавна тајна е дека  ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на своите по дваесетина коалициски сателитски партии им ги собираат потписите на нотар за пререгистрација на партиите, со цел, замајување на јавноста за наводната големина на нивните коалиции.

— реклама —

Потсетуваме дека во Собранието веќе има готов предлог законски текст од Единствена Македонија со амандмани за промена на изборниот модел и за забрана за предизборно коалицирање. Очекуваме од пратеницие да покажат зрелост и доволен демократски капацитет и во последен момент пред изборите да го усвојат барем амандманот на Изборниот законик за забрана за предизборно коалицирање на партиите, се вели во соопштението од  Центар за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања