Радувајте се, имаме силен причина за радост. Вчера си замина марионетската власт на Заев инсталирана и купена од странски центар. Власта на Заев ќе остане запаметена по најстрашното злосторство и националната диверзија врз македонскиот народ со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, истакна Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.
Власта на Зоран Заев доживеа целосен пораз, на домашен и меѓународен план. На домашен план владеењето на Заев го одбележа безаконие, корупција и криминал. Заев ветуваше подобар живот, ставаше бројчаник на кој ќе врти одземањето, на како што велеше Заев, грабежот на половина Македонија и украдени 5 милијади евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, наместо враќање на украденото, Заев тргна по истиот пат и ја украде другата половина од Македонија.
Заев, се што кажа излажа. А отвори уста, лаже. Најбезобразно лажеше дека штом се избришат Македонците ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели. Но, го гледаме спротивното, Заев донесе педери, дрога, проституција, казина, секојдневни убиства, грабеж на народни пари.
Марионетската влада во Скопје тргна да ги руши македонските вековни традиционални и семејни вредности. Секако, нема да заборавиме дека странскиот измеќар Заев си ја исполни желбата за одмазда спрема уставобранителите и ги фрли во занданите на Идризово со вкупна казна од 211 години затвор.
На меѓународен план Заев насилно ја турка Република Македонија во геноцидната организација НАТО иако ова е спротивно на референдумската волја од 30 септември 2018 година кога народот кажа НЕ за промена на името и членството во НАТО и ЕУ.
Злото во Република Македонија има име. Злото се вика Зоран Заев и на 12 април ќе биде поразен. Во секое зло, добро.
За мене лично и за мојата партија ова е битка за Македонија, за мојот народ и за сите државјани на Република Македонија. Секогаш сум отворен со народот. Запаметете го ова: Давам збор, ветувам дека нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Кажувам директно и јасно – ние во Единствена Македонија сме во политиката да ги одбраниме македонските интереси.
Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија. Овие избори не се битка за власт, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небитен, ова не е битка на индивидуалци и лидери. Тоа е минлива категорија, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија. Битка која само заедно можеме да ја победиме, битка во која Македонија ќе победи. Да ги збиеме редовите. Рамо до рамо, срце до срце, рака за рака. Сплотени и единствени ништо не ни можат. Сите заедно, старо, младо, машко и женско на нозе се креваме. Нашата борба е исправна. Ние се бориме да останеме свои на своето, нашата борба е света должност.
Затоа, прва задача на новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа е поништување на антимакедонските договори. Тоа што Заев вели дека договорите се непроменливи, заборавете го. Лаже. Договорите се ништовни, но, за да ги поништиме има само еден услов – народот да не згреши на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.
Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите Тоа може да биде последната шанса за Македонија Да живее Република Македонија Да живее македонскиот народ .
Да живеат државјаните на Република Македонија, истакна Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев.
фото: Единствена Македонија