Скопје

Долно Соње без вода во екот на пандемијата со „Корона вирус“

Скопското село Долно Соње неколку дена е без вода и тоа се случува додека  во земјата трае кризата со вирусот „Ковид 19“ попознат како „Корона Вирус“.

„Немаме вода трет ден по ред. Навечер добиваме вода помеѓу 10 и 11 часот, обично вода имаме до кај 15 часот, но од денес вода немаме од 8 наутро. Пред секое јадење треба да се миеме заради епидемијава, а најголем страв ни е од Корона вирусот бидејќи немаме вода. Долно Соње не е мало место, а вода немаме ни за лична хигиена, ни за хигиена во домовит бидејќи не миеме ни садови. Со ракија ги миеме рацете за да седнеме да јадеме.“ – вели за „Скопје 1“ жител на селото.

Селаните велат дека се обратиле и во Водоводот од каде ги информирале дека моментално изворите на селскиот водовод се пресушени.

Соседното село Горно Соње е приклучено на градскиот водовод, а Долно Соње не е,па среде пандемија остана без вода во домовите.

Селаните велат дека ова е исклучиво граѓанска молба, партиите врска немаат со овој апел, нас партии не ни требаат нас ни треба здравје.

На почеток